Белгиската сензација и напаѓач на холандски ПСВ Ајндховен, Јохан Бакајоко, е цел на англиските гиганти Манчестер Сити и Ливерпул, пренесува „Скај Спорт Германија“. Според изворот, во трката е и Челзи, меѓутоа двата клуба кои се борат и за шампионската титула се во предност.
Белгиецот кој има само 20 години е желба и на францускиот првак Пари Сен Жермен, а среќата ќе си ја испроба и Борусија Дортмунд. Трансферот на играчот се проценува на околу 60 милиони евра.
Бакајоко оваа сезона одигра 40 натпревари, постигнувајќи осум гола и 13 асистенции.
Договорот на играчот со ПСВ е до крајот на јуни 2026 година.