Фудбалерите на Ливерпул не успеаа да дојдат до целиот плен и на вториот лигашки меч во Премиер лигата во оваа сезона, односно откако минатиот викенд два бода му откина Фулам (2-2) сега тоа го направи Кристал Палас и тоа на „Енфилд Роуд“.
Заха во 32 минута ги доведе гостите од Лондон во водство од 1-0, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел Уругваецот беше исклучен откако направи глупост и падна на провокацијата на Андерсен.
Во 61 минута Дијаз со мајсторија го израмни резултатот, ама до крајот не дојде до нова промена и четата на Клоп веќе по две кола е на минус четири во однос на главниот ривал за пехарот Манчестер Сити, но и од Арсенал кој исто има шест бода.