Интер беше огромен фаворит за три бода, за да остане во трка за титулата, но со големиот кикс, скоро невозможно е Наполи да не биде шампион, иако до крајот на сезоната има уште 16 кола и многу бодови се во игра.
„Нераѕурите“ имаа шанса во последните секунди да дојдат до три бода во акцијата на Џеко, Д’Амбросио и Лаутаро Мартинез. Сампдорија се извлече и освои бод, и за малку ја намали разликата во однос на Специја, на осум бода кои треба да ги надополни тимот од Џенова.
Верона во трката за опстанок ја победи Салернитана со 1-0 и ја намали предноста во однос на најблискиот ривал во сигурната зона.