Ливерпул го доби дербито со Евертон на „Енфилд“ со 2-0. Тимот на Јирген Клоп конечно заигра според очекувањата и го доби дуелот против градскиот ривал.
Иако оваа сезона се очекуваше повеќе, сепак, фудбалерите на Клоп ги израдуваа своите фанови.
Мохамед Салах донесе водство во 36.минута по еден противнапад, а Коди Гакпо го постигна вториот гол на почетокот на второто полувреме.
Евертон со поразот, четврти во последните пет меча сега е прв од триото во опасната зона со само 18 бода, но не така далеку од сигурниот дел, зашто Лидс е на само бод, а Вест Хем на два бода предност.