Двајца македонски фудбалери постигнаа голови на натпреварите кои се играа во кипарското првенство, со тоа што Ахна на Кире Ристевски забележа победа, а АЕК Ларнака на Иван Тричковски ремизираше на домашен терен.
Ристевски влегува во гол форма и на втор натпревар во низа постигнува гол, тој го најави триумфот на својот тим кој убедливо славеше над Закакиу со 4:1.
Македонскиот дефанзивец игра во одлична форма и ја ужива довербата од тренерот, па покрај тоа што ги одработува задачите во одбрана, се подобар е и во противничкиот шеснаестник.
За разлика од Ахна, АЕК Ларнака ремизира во дербито со АПОЕЛ на гостински терен, а Иван Тричковски доби шанса во последните 20-тина минути.
Тричкоски постигна гол веднаш по влегувањето во игра и израмни на 1:1, а натпреварот на крајот заврши 2:2.