Баер Леверкузен одигра уште еден добар натпревар и триумфираше со 3-2 против Штутгарт со што се пласира во полуфинале на германскиот Куп. Екипата на  Чаби Алонсо направи пресврт во вториот дел на овој натпревар.

Антон погоди за водство на Штутгарт во 11. минута, а гостите го издржаа притисокот до крајот на првиот дел, по што во второто полувреме беа постигнати дури четири голови.

Во вториот дел, Андрих израмни во 50.минута, но само осум минути подоцна Штутгарт повторно обезбеди предност со голот на Фулкрих.

Тимот на Чаби Алонсо направи пресврт во второто полувреме од овој дуел.

 

 

Сепак, Баер Леверкузен имае фуриозен финиш. Адли во 66.минута израмни на 2-2, а Џонатан Тах во 90.минута постигна победнички погодок.