Екипата на Манчестер Јунајтед со прсврт славеше на синоќешното гостување кај Омонија (3-2) во меч од Лига Европа, на кој по подолго време настапи и Кристијано Роналдо, ама не успеа да се запише во листата на стрелци.

Португалецот покажа дека можеби и заборавил како се тресе мрежата, откако не реализира од ситуација од која во минатото би погодил со заврзани очи. Роналдо во 78. минута доби фантастична топка од Далот и од само пет метри наместо да ја смести топката зад противничкиот голман, тој ја погоди конструкцијата од голот, на сопствено, но и на изненадување на соиграчите и сите навивачи на „ѓаволите“.

 

За Роналдо ова беше трет меч сезонава на кој беше стартер, а досега има постигнато само еден погодок.