Интер со убедливи 3-0 го победи Милан во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Лаутаро Мартинез ги постигна првите два гола, а последниот беше дело на Робин Госенс, иако Милан имаше свои шанси, па дури и поништен гол.
На трибините на стадионот „Џузепе Меаце“ имаше и специјален гостин поранешен играч на Интер – Адријано. Бразилецот денес има 40 години, а се пензионираше во 2016. Со години не е в фудбалските води. Во последно време најмногу го поврзуваат со алкохол, дрога и луди забави.
https://twitter.com/wyngback/status/1516528672152252419?s=20&t=-Kri1lg3_bSXjw3B1dlgxw
„Врати се дома“, објави милански Интер на официјалниот Твитер со фотографија од Адријан. Многумина ќе го истакнат неговиот дриблинг или силен удар по кој е познат во фудбалските видео игри. Поради сето ова тој има култен статус меѓу фудбалските следбеници.
Тоа се виде и синоќа кога се појави на италијанското дерби и заработи аплаузи. Адријано има настапувано за Фламенго, Интер, Фиорентина, Парма, Сао Паоло, Рома, Коринтијанс, Атлетико Паранаенсе и Мајами Јунајтед каде ја заврши кариерата.
https://twitter.com/Inter/status/1516483914675765254?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516483914675765254%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fpogledajte-ovacije-koje-je-adriano-sinoc-dobio-na-utakmici-intera-i-milana%2F2357580.aspx