Српскиот репрезентативец Филип Костиќ игра уште една одлична сезона во Бундеслигата, па деновиве се повеќе се шпекулира дека тој летово ќе си замине од Германија.
Интересот за српскиот репрезентативец порасна се зголеми уште повеќе по победата на Ајнтрахт против Барселона во четвртфиналето на Лига Европа, каде тој постигна два гола на реваншот на „Камп Ноу“.
Германските медиуми објавија дека Интер веќе испратил конкретна понуда до клубот од Франкфурт. Миланезите наводно нудат 14 милиони евра како обештетување и додаваат уште четири милиони за бонусите. Костиќ ќе добие договор на четири сезони со плата од пет милиони евра по сезона.