Фудбалерите на саудискиот Ал Хилал триумфираа на гостински терен кај Ал Етифак со 2-0 во 21. коло од првенството во Саудиска Арабија. Повторно главни актери на теренот беа српските репрезентативци Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Александар Митровиќ.
Милинковиќ-Савиќ по асистенција на Рубен Невеш во 39. минута му донесе водство на Ал Хилал, додека Митровиќ му асистираше на Ал Давсари за вториот погодок на својот тим.
Ал Хилал е лидер во саудиското првенство со 59 бодови, односно седум повеќе од Ал-Наср.