Алиоски беше стартер за турскиот тим, кој славеше против Динамо Киев со 2-1 благодарение на голот новото засилување Миши Батшуаи во 92.минута од натпреварот. Македонскиот репрезентативец не го одигра цел натпревар, бидејќи излезе од игра во 83.минута.
АЕК Ларнака водеше со 1-0 против Рен, но францускиот тим успеа да направи пресврт и да слави со гол постигнат во судиското продолжение за 1-2. Тричковски беше стартер во редовите на кипарскиот состав, но играше до 79.минута.
Малме за кој игра уште еден македонски репрезентативец Ердал Ракип, на свој терен загуби од Брага со 0-2. Тој беше стартер, но одигра само 25 минути и принудно ја напушти играта поради повреда.