Партизан одигра неверојатен натпревар на гостувањето кај Словачко, кој заврши 3-3.
Домашните водеа со 2-0 по 19 минути игра со головите на Јан Калабиска. Работите од лоши станаа полоши за белграѓани откако Кристијн Белиќ заработи црвен картон во 22.минута. Сепак и со играч помалку „црно-белите“ направија неверојатен пресврт. Најпрво со двата гола на Фусени Диабате дојдоа до 2-2, а Рикардо Гомес погоди за 2-3 во 62.минута.
Либор Козак со гол во 83.минута го спаси Словачко од пораз за конечни 3-3.