Реал Мадрид потешко од очекувањата извојува триумф над цврстата екипа на Севиља, со минимални 1-0 во 26. коло од шпанската Примера. „Кралевите“ долго се мачеа против мотивираниот тим од Андалузија, но на крајот успеаја да ги израдуваат фановите на „Сантиаго Бернабеу“.
Првото полувреме не понуди премногу возбудувања, иако Реал имаше еден поништен гол во 10. минута. Лукас Васкез ја погоди гостинската мрежа, но голот беше поништен поради претходен прекршок на Начо над Ен Несири. Во вториот дел фудбалеритена Анчелоти заиграа поофанзивно, но долго не успеваа да ја скршат гостинската одбрана. Имаше шанси и на двете страни но сепак мрежите мируваа.