Maкедонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски конечно покажа зошто Жирона го доведе од Абердин, па во натпреварот од Копа дел Реј против Екстрамадура постигна два гола за четири минути.
Миовски во листата на стрелци се запиша во 58. минута кога зголеми на 0-2, а веднаш потоа го постигна и третиот гол за неговиот тим во натпреварот. Претходно во првиот дел мрежата на домаќинтие ја погоди Брајан Хил.