Македонскиот фудбалски интернационалец Матеј Цветаноски одигра одличен натпревар за Железничар во победата од 3-0 против Леотар во Купот на Босна и Херцеговина.
Цветаноски двапати му асистираше на Филип Дангубиќ, а потоа во завршницата на натпреварот погоди за конечни 3-0.
На теренот настапи и уште еден македонски интернационалец, а тоа е Мартин Мирчевски.