Фудбалерите на Aјнтрахт Франкфурт направија голем подвиг, шокирајќи ја препородената Барселона со триумф од 2-3 (0-2) во реваншот на четвртфиналето во Лигата на Европа.
Иако каталонскиот гигант беше апсолутен фаворит на „Камп Ноу“, Филип Костиќ блесна и со два гола и асистенција го одведе својот тим до полуфиналето. Гостите успеаја да поведат со 0-3 со двата погодоци на Костиќ и мајсторијата на Боре.
Сепак, Барса не запре во ниту еден момент и се бореше до самиот крај. Бускетц и Депај погодија во долгото судиско продолжение, но немаше доволно време за вистински шок и епски кам-бек.
Ајнтрахт Франкфурт патува на мегдан против лондонски Вест Хем во полуфиналето, а Барселона на Чави го заврши сонот за трофејот во Лигата на Европа.