Славија загуби на домашен терен од холандски Феенорд со 3:1, а најзаслужен беше голманот на Славија Прага, Алеш Мандоус,којшто вчеравечер ја направи најголемата глупост на европските натпревари. Чуварот на мрежата на чешкиот тим при резултат 1:1 на дуелот со Феенорд во второто полувреме од реванш-четвртфиналето во конференциската лига, сам му подари гол на холандскиот тим.
По една навидум безопасна ситуација, Мандоус направи вистински хорор и за него и за домашните фанови. Голманот на домашните се заплетка во петерецот и му ја додаде топката на Десерс кој по вторпат му ја смести зад грбот во празната мрежа за предност на Феенорд од 2:1.