Српските медиуми објавија дека бразилската легенда Роналдињо повторно е гостин во главниот град на Србија, а посетата на Белград е поради снимање на реклама за спортска обложувалница.
Бразилскиот волшебник во текот на кариерата играше за Гремио, ПСЖ, па пет сезони во Барселона каде што играше најдобар фудбал, а подоцна ги носеше дресовите на Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Флуминенсе.
За бразилската репрезентација одигра 97 меча и постигна 33 голови, а најдобар во светот беше во 2004 и 2005 година.