Последните информации велат дека тренерот Чави денеска се упатил во Минхен, каде што норвешкиот напаѓач се рехабилитира од повредата на разговори со него и тоа со 200 милиони евра во џебот. Тоа, секако, не се пари во кеш туку за неговата плата за пет години настап на „Камп Ноу“.
Според предлогот на Каталонците, Халанд во првата сезона би имал годишна плата од 20 милиони евра, во втората сезона би инкасирал 30 милиони, во третата би добил 40, додека во последните две години од договорот би заработил неверојатни 50 односно 55 милиони евра. Менаџерот на фудбалерот, Мино Рајола, пак, го известил првиот човек на Барса, Жоан Лапорта, дека преферира тригодишен договор, со опција соработката да биде продолжена за две додатни години. Тој исто така го советувал Ерлинг Халанд и неговиот татко да ја одберат Барселона и покрај тоа што сериозен интерес пројавуваат Манчестер Сити и Реал Мадрид.