Универзитетот Стeнфорд и Фудбалската федерација на САД соопшти за смртта на 22 годишната фудбалерка Кети Мејер. Таа била голман и капитен на Стенфорд, клубот кој се натпреварува во НЦАА лигата, а била пронајдена во кампусот на познатиот Универзитет во Калифорнија.
Локалниот шериф и неговите помошници ја истражуваат смртта на Мејер, а првичните анализи покажуваат дека смртта не е под сомнителни околности односно дека нема траги на насилство. Наскоро ќе се утврди за што точно станува збор.
Мејер се истакнала со два одбранети пенали во финалето против Северна Каролина освојувајќи ја титулата во НЦАА шампионатот во 2019 година.