Стефан Савиќ беше исклучен поради два жолти картони, но Гризман донесе водство за Атлетико Мадрид во 44.минута. Борха Мајорал израмни на почетокот од вториот дел, а потоа Мората и Гризман се погрижија домаќинот да има два гола предност (3-1).
Но, и тоа не беше доволно. Хетафе намали преку Оскар Родригез, а Борха Мајорал од пенал во93 мин. донесе бод.
Севилја со Кике Санчез Флорес на кормилото одигра одличен натпревар на гости против Гранада и славеше со 0-3. Педроса, Окампос и Серхио Рамос беа стрелци за Севилја.