ПСЖ на домашен терен го совлада Ремс со 4-0 во 22. коло од францускиот шампионат. Така тие задржаа огромни 11 бода предност во однос на второпласираната Ница. Две вести кои можат особено да ги израдуваат навивачите на Париз е фактот што Лионел Меси се врати по короната и дека прв гол за клубот постигна Серхио Рамос.
Гостите пружија добар отпор, кој ПСЖ го скрши дури во 44. минута кога прецизен беше Марко Верати. Рамос одлично реагираше во 62. минута по корнер, а минута подоцна во игра влезе и Меси. На 3:0 зголеми повторно Верати, а конечниот резултат го постави Данило на асистенција на Мбапе.
Рамос го постигна својот деби гол во четвртиот настап за францускиот клуб, а звучи неверојатно што Верати последниот гол пред овој го постигна во купот против Нант на 3 април 2019 година. Оттогаш поминаа речиси три години, италијанскиот играч за врска одигра 111 натпревари за ПСЖ и не постигна гол.