Фудбалерите на македонскиот првак Струга ТЛ остварија победа над Есперанж од Луксембург со 3-1 во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига. Хет-трик постигна Бесарт Ибраими, а стружани обезбедија убава предност пред реваншот кој е закажан за следниот четврток.
Бесарт Ибраими во 23.минута постигна гол откако противничкиот голман направи кардинална грешка испуштајќи ја топката. Во 40.минута беше досуден пенал што го реализира Ибраими за предност од 2-0.
Овие погодоци може да ги видите ТУКА.
Есперанж намали на стартот на вториот дел преку Доминик Штолц, но Бесарт Ибраими уште еднаш беше прецизен од пенал во 77.минута.