Актуелниот шпански првак Барселона го игра првиот натпревар во новата сезона в недела против Хетафе, а клубот има само 13 регистрирани фудбалери, но наскоро ќе заминат Франк Кеси и Осман Дембеле, па така ќе останат само 11 играчи кои ќе имаат право на настап.
Заминувањата на Дембеле и Кеси треба да ѝ овозможат на Барселона да ги регистрира останатите девет фудбалери затоа што ќе ослободи доволно буџет за плати.
За регистрација сè уште чекаат Иниго Мартинез, Илкај Гундоган, Ориол Ромеу, Роналд Араухо, Алехандро Балде, Маркос Алонсо, Серхи Роберто и уште неколку фудбалери.
Шпанските медуми пишуваат дека петок е последниот рок кога Барселона мора да ги регистрира останатите фудбалери за следната сезона.