Атлетик Билбао со победа кај Валенсија од 3-1 се пласира во полуфиналето од Купот на Шпанија.
Муниаин постигна гол за водство на Билбао од 1-0 во 35 мин. но само осум минути подоцна Де Маркос си постигна автогол за 1-1.
Во финишот напрвото полувреме, Нико Вилијамс погоди во 45. минута и го врати водството на Атлетик од 2-1.
Во 74. минута Весга од пенал ги реши сите дилеми околу победникот и патникот за полуфинале, поставувајќи ги конечните 3-1 за Атлетик Билбао.