Во завршницата на првото полувреме Михтарјан постигна погодок од белата точка за водство од 1-0 на Ерменија, но во 80. минута домаќините доживеаа вистински шок.
Голманот на Ерменија реагираше аматерски и ги почести гостите од Лихтенштајн, кои преку Фрик израмнија на 1-1.
Ова е добра вест за Македонија, која вечерва игра против Романија во Скопје, па со триумф би можела да го преземе второто место во групата на кое се наоѓа Ерменија со 11 бодови. Лидер во групата е Германија со 12, Романија има 12, додека Исланд само четири бода, а последен е Лихтанштајн со еден бод.