Реал Мадрид јаоствари третата минимална победа во групната фаза на ЛШ, на гости кај Брага со 1-2 (0-1). Пресметката во Португалија донесе еден гол во првиот и два во вториот дел, а карактерот на „кралевите“ во ова натпреварување одново се покажа како пресуден.
Резултатот беше отворен по шеснаесет минути игра и поведе Реал, иако Брага изгледаше подобро на теренот. Винициус уфрли топка во шеснаесетникот и го пронајде Родриго којпогоди за 0-1. Реал успеа уште еднаш да дојде до гол, ама овојпат Родриго се најде во недозволена позиција. Вториот дел тргна со серија шанси на фаворитот. Белингем, Камавинга и Карвахал го ставија на искушение и ги тестираа можностите на голманот Матеус, но безуспешно.
Отпорот на Брага беше скршен во 61. минута, кога Џуд Белингем погоди за 0-2. Англичанецот со одмерен удар во спротивниот агол го матира Матеус. Брзо потоа Брага успеа да се врати во игра. По убава акција без премногу комплицирање, Банза го проигра Алваро Џало, кој ги постави конечните 1-2. До крајот Брага можеше и да изедначи, ама Кепа го одбрани незгодниот шут на Хорта.
Реал е лидер во групата со девет бода, додека Наполи го запиша вториот триумф. Италијанскиот првак победи на гости кај Унион Берлин со 0-1 (0-0). Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше резервист и влезе во игра на полувремето, а потоа неговитот тим ја обезбеди победата. Акцијата која го одлучи натпреварот ја реализира Распадори, кој во 65. минута го постигна победоносниот погодок по асистенција на Кварацкелија.
Во натпревар од групата Г, Реал Сосиедад триумфираше на „Да Луж“ кај Бенфика со 0-1. Единствениот гол го постигна Јапонецот Кубо. Со овој триумф шпанците се задржаа на лидерското место израмнет со Интер по седум бода.