Звездениот тим на американскиот Интер беше декласиран во дуелот со Ал Наср.
Саудискиот тим Ал Наср со шест гола го декласира американскиот клуб Интер Мајами (6-0), а на натпреварот настапи и Лионел Меси, иако првично беше најавено дека ќе го пропушти дуелот.
За само 12 минути во мрежата на Интер Мајами паднаа три гола, откако погодија Отавио, Талиска и Лапорт.
Во вториот дел Ал Наср постигна уште три голови, при што Талиска комплетираше хет-трик, а во листата со стрелци се запиша и Маран.
Кристијано Роналдо го следеше мечот од трибините поради повреда, додека Меси влезе во игра во 83. минута.