Фудбалерите на Борнмут освоија голем бод против Вест хем во 22. коло од англиската Премиерлига.

 

 

Доминик Соланке донесе „студен туш“ за домашните навивачи уште во третата минута од натпреварот и го доведе Борнмут во водство од 0-1.

Во второто полувреме „чеканите“ тргнаа во офанзива и се изборија за пенал во 61. минута, а прецизен реализатор беше Џејмс Вард-Праус, кој гo poстигна петтиот сезонски гол во Премиер лигата. „Чеканите“ се обидоа да дојдат до комплетен пресврт, но не успеаја во својата намера и мораа да се задоволат само со еден бод од овој дуел.

Избраниците на Дејвид Мојс сега имаат 36 бода и се наоѓаат на шестата позиција, додека Борнмут стигна до 26 бода и е дванаесетти во Премиер лигата.