Македонија ќе гостува во Палермо, каде ќе ги одмери силите со европскиот првак Италија, во полуфиналето од баражот за пласман на Мундијалот во Катар.
Ељиф Елмас ќе претставува најголема опасност за „аѕурите“, а тие многу добро ги познаваат квалитетите на нашиот фудбалер. Џовани Ди Лоренцо, неговиот соиграч од Наполи, смета дека судирот на 24 март ќе биде исклучително тежок за репрезентацијата на Роберто Манчини.
„Сакаме да играме во Катар. Ќе биде тешко во полуфиналето против Македонија, каде ќе се сретнеме со нашиот пријател Елмас. Знаеме дека цела Италија ќе застане позади нас“, изјави италијанскиот репрезентативец.
Благоја Милевски ќе има тешка задача во обидот да ја однесе репрезентацијата на уште еден голем турнир. Патот до Катар ќе биде исклучително тежок, но постои оптимизам меѓу македонските фудбалери во пресрет на баражот.