Килијан Мбапе имаше кошмарни 20 минути и не реализираше два пенали, заработи повреда и побара измена во 20 мин. на натпреварот со Монпелје.
Мбапе побара измена поради повреда и стави крај на својата лоша вечер.
Добра вест за ПСЖ е тоа што успеа да победи и без него, но уште подобра е тоа што полека почна да се разигрува Фабијан Руиз кој беше играч на мечот.
Шпанецот најпрво погоди за 0:1, а потоа генијално го проигра Лео Меси и двајцата режираа магија како на мал фудбал. Погодокот на Аргентинецот ги воодушеви неутралните фанови во Франција, но сепак тој не беше последен на мечот. Норди го врати Монпелје во игра, но во судиското продолжение погоди Заире Емери за конечни 1:3 и победа на ПСЖ.