Фудбалерите на Пари Сен Жермен, конечно, одиграа како што од нив очекуваат навивачите, но, за жал, тоа не се случи во дуел против некој голем противник од ЛШ туку против малиот Лориен (5-1).
Нејмар и Меси ги постигнаа првиот и последниот погодок за „светците“, Килијан Мбапе ги реализира останатите два, заедно со три асистенции, откако Бразилецот пред самиот крај го постигна својот втор погодок.
Голот за Лориен го постигна Теремас Мофи во 56мин.
ПСЖ со ова само се зацврсти на врвот од табелата во Лига 1 со 68 бодови, 12 повеќе во однос на Марсеј.