Германскиот репрезентативец, Антонио Рудигер, следните четири години ќе го носи дресот на Реал Мадрид, откако денеска беше официјализиран неговиот веќе најавен трансфер од таборот на Челси и тоа без отштета.
Договорот веќе е потпишан, а во сила ќе стапи на 1 јули кога официјално почнува летниот преоден рок.
Рудигер на „Сантјаго Бернабеу“ ќе заработува околу 10 милиони евра по сезона, а неговата откупна клаузула е поставена на огромни 400 милиони евра.