Екипата на Пјуник од Ерменија, за која настапува македонскиот репрезентативец Стефан Спировски, пропушти шанса да ја задржи лидерската позиција на табелата во групата Х од Конференциската лига, откако вечерва неочекувано загуби на гостувањето кај литвански Жалгирис (1-2).
Македонскиот репрезентативец се појави на теренот дури во 85. минута и немаше доволно време за да направи некакви промени во играта за да го промени конечниот епилог. Пјуник сега е втор со шест бодови, зад Базел кој има седум, а пред Слован Братислава со пет и Жалгирис со четири.
Премиерлигашот Вест Хем, пак, на две кола до крајот на групната фаза веќе го обезбеди местото во нокаут фаза од КЛ, по триумфот на домашен терен против Андерлехт (2-1). Головите ТУКА.
На останатите натпревари триумфираа гостинските екипи, освен едно реми.
ОСТАНАТИ МЕЧЕВИ: Балкани – Сиваспор 1-2, ФЦСБ – Силкеборг 0-5, Бер Шива – Лех 1-1, Ница – Словачко 1-2, Шамрок – Молде 0-2, Вадуз – Днипро 1-2.