Брентфорд го шокираше Тотенхем во сред Лондон и го совлада со 1-3, а со тоа ги загрози и шансите на домаќинот за европски настап следната сезона. Воедно, Брентфорд се надева дека може да излезе на меѓународен план, доколку се поклопат коцките во последните две кола.