Македонскиот фудбалски репрезентативец Доријан Бабунски даде два гола за четири минути за Дебрецин и направи пресврт против Ференцварош во финишот од натпреварот во унгарскиот шампионат.
Лидерот во првенството поведе уште во првото полувреме преку Лоранд Паска, а потоа Бабунски најпрво израмни на 1-1 во 63. минута, а потоа погоди за целосен пресврт (2-1).
Дебрецин со победата ќе стигне до третата позиција во првенството која им носи пласман во Лига Европа, а Бабунски воедно стигна до 13. гол оваа сезона во шампионатот.