Фудбалерите на Партизан на домашен терен го победија Келн со 2:0 во четвртото коло од Конференциската лига.

Ова е втора победа за Партизан за само една недела, откако минатиот четврток на гости го совлада Келн со резултат 1:0.

Со нов триумф против овој бундеслигаш, црно-белите го задржаа првото место во групата Д и со една нога зачекорија во нокаут фазата од Конференциската лига.

Натпреварот го одбележа хаосот што го направија „гробарите“, поради што во првото полувреме двапати беше прекината играта.

Навивачите на домашниот тим фрлија прототехника на теренот, поради што израелскиот судија нареди играчите да го напуштат теренот, а на Партизан му се закануваше службен пораз од 3:0 од 38. минута доколку дојде до нов прекин.

Натпреварот започна со брзо темпо , а Келн прв се закани.

Поповиќ го одбрани ударот на Скири, а само минута подоцна Швебе го запре Мениг.

Веќе во 15. минута беше виден првиот гол кој дојде како подарок за црно-белите.

Дефанзивецот на Келн, Хуберс, во контранапад му ја додаде топката во празно до Диабате, а тој со левата нога го надмудри голманот на Келн за водство од 1:0 и негов четврти гол во ЛК.

https://www.youtube.com/watch?v=81X3hODSp48
Прекините целосно го умртвија ритамот и кога играта продолжи, настаните не беа вредни за споменување.

Првото полувреме беше продолжено за цели 11 минути, а во десеттата минута Мениг имаше уште една одлична шанса, но на крајот ја погоди гредата.

Второто полувреме започна слично како и првото и се забележани две убави шанси на двете страни, а не требаше многу и за гол.

Во 52. минута Урошевиќ со перфектен центаршут го пронајде Рикардо, а снаодливиот напаѓач беше најдобар во скокот и со глава ја упати топката во германската мрежа.

До крајот на натпреварот Келн беше подобриот ривал и почесто напаѓаше, но избраниците на Гордан Петриќ имаа одговор за сите напади на ривалот.

Голем дел од шансите гостите ги создадоа во последните петнаесетина минути, црно-белите имаа малку среќа, но на крајот Поповиќ не мораше да ја вади топката од мрежата.

На крајот исклучително заслужена и сигурна победа за српскиот тим.


Standings provided by Sofascore