Фудбалерите на Аталанта по две нерешени средби по ред, како гости ја победија Специја (3-1) и се вратија во игра за место кое води во Европа.

Гостите повеќе го сакаа триумфот, постојано напаѓаа и сосема заслужено дојдоа до трите бода. Муриел уште во 16. минута донесе водство за гостинскиот тим, но петнаесетина минути подоцна изедначи Верде, што беше се од домашните на оваа средба. Џимсити и Пашалиќ во вториот дел од второто полувреме ѝ донесоа на Аталанта сигурен триумф.

 

Екипата од Бергамо сега е седма со 59 бодови, односно на последното место кое носи пласман во европските натпреварувања, со ист број бодови како и Рома, која е шеста со меч помалку.