Астон вила го доживеа првиот пораз во Лигата на шампиони, откако загуби со 0-1 од Клуб Бриж, додека Шахтер славеше со 2-1 против Јанг бојс.

Премиерлигашот дојде во Белгија по трите бодови, но на крајот си замина со празни раце, откако на домаќините им подари бизарен пенал.

Во 52. минута од средбата голманот Емилијано Мартинез му ја додаде топката на Тајрон Мингс кој ја зема во раце, по што судијата покажа на белата точка, а Ханс Ванакен погоди за 1-0.

Астон вила по четири одиграни меча се наоѓа на петтата позиција со девет бодови, додека Клуб Бриж е на 20. место со шест поени.

Претходно вакви пенали беа забележани на мечот меѓу Магдебург и Гројтер Фирт во втората германска лига.

Екипата на  Јанг Бојс поведе во 27. минута преку Имери, но до крајот на првиот дел Шахтер преку Зубков и Судаков направи целосен пресврт и славеше со 2-1.