Каталонскиот гигант Барселона продолжи со одличните игри во Лигата на шампиони и ја оствари третата победа по ред, откако ја надигра Црвена Звезда во Белград со 5-2, додека Интер го доби дербито против Арсенал со 1-0 во Милано, а ПСЖ и Атлетико Мадрид ремизираа (1-1) на „Паркот на принцовите“.

Иниго Мартинез по еден прекин и корнерот на Рафиња, се најде на вистинско место и со удар со глава погоди за предност од 1-0 во 13. минута, но набрзо Силас од првата шанса на Ц. Звезда израмни на 1-1.

Голот на Силас ги налути гостите од Каталонија кои потоа двапати погодија преку Роберт Левандовски, а потоа стрелаа и Рафиња и Лопез. Конечните 2-5 ги постави фудбалерот на домашниот тим, Милсон.

ПСЖ по само 14 минути ја проби одбраната на гостите од Мадрид преку Заире-Емери (1-0), но само четири минути подоцна Молина израмни на 1-1. Парижаните доминираа и во вториот дел, но пропуштија дури 15 шанси, а казната стигна во 93. минута кога Кореа погоди за конечни 2-1 за триумф на Атлетико.

Интер славеше против Арсенал во дербито кое се играше во Милано со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Хакан Чалханолгу од пенал во 48. минута од средбата.