Фудбалерот на Челси, Рахим Стерлинг, буквално се посрамоти при обид да постигне гол од слободен удар.

Лондонците вчера се пласираа во полуфиналето на ФА Купот со триумф на домашен терен против Лестер (4-2). Големото засилување за Челзи, прво промаши пенал во 26. минута, а потоа се посрамоти во 75. минута. Стерлинг ја постави топката на 20-ина метри од голот, но шутираше толку лошо од слободен удар, што на видеото од социјалните мрежи изгледаше како да ја исфрли од стадионот.

Челси во полуфиналето на ФА Купот ќе игра против Манчестер Сити, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Манчестер Јунајтед и Ковентри.