Романскиот судија од списокот на ФИФА Овидиу Хатеган доживеа срцев удар и итно беше опериран и хоспитализиран .
Неколку дена откако беше четврти судија на дополнителниот квалификациски натпревар меѓу Велс и Австрија, романскиот судија Овидиу Хатеган доживеа срцев удар, објавија романските медиуми.
Хатеган почувствувал болка во градите за време на вежбањето и итно бил префрлен во болница во Темишвар, каде му бил дијагностициран срцев удар и бил опериран.
Хатеган е надвор од животна опасност и е во стабилна состојба, а откако ги препознал симптомите сам се упатил до болница.
Романецот оваа сезона судеше и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа,а лани судеше и на Европското првенство .