Белорусинката Викторија Азаренка (32) минуваше низ тешки времиња во последните неколку недели, но сега ги шокираше сите на ВТА Мастерсот 1000 во Мајами, откако едноставно го напушти теренот среде мечот против 16-годишната Чехинка Линда Фрухвиртова.
Пред само неколку дена Викторија Азаренка (32) емотивно се распадна среде натпревар на Индијан Велс, заплака и и требаше време да се смири и да продолжи да игра. На крајот го загуби дуелот .

Потоа Азаренка објасни дека се чувствува уништена од се што се случува во Украина, а сега ги шокираше сите со неочекуван потег на ВТА Мастерс 1000 во Мајами. Затоа што се случи нешто невидено.

Азаренка играше против двојно помладата противничка, 16-годишната Чехинка Линда Фрухвиртова. Некогаш најдобрата светска тенисерка изгледаше лошо на теренот, без проблеми го загуби првиот сет со 6-2, а потоа ги шокираше сите во вториот при резултат 3-0 за Чехинката.

Во еден момент Азаренка без збор дојде до судијата и младата Фрухвиртова, ја подаде раката и без збор го напушти теренот!

Вика, чекај малку“, извика изненадениот судија по Азаренка, но белоруската тенисерка не обрна внимание. Таа едноставно ја зеде торбицата и го напушти теренот.

„Не знам што се случи на крајот. Таа се бореше со повреди. Не знам што се случи, но ми беше чест да играм против неа. Никогаш не сакате да заврши вака, но тоа се случува. Се ракувавме и таа само замина“, изјави изненадената млада Чехинка Линда Фрухвиртова. Таа секако вака не ја замислуваше својата најголема победа во кариерата која штотуку започна.

Азаренка беше ’распната’ на социјалните мрежи поради нејзиниот потег, а потоа конечно се огласи и објасни зошто си замина на сред меч.

„Не смеев да го напуштам теренот. Но, последните неколку недели беа многу стресни во мојот приватен живот. Последниот меч навистина ме исцрпи, но сакав да играм пред одличната публика која ме извлече на првиот меч. Сакав да излезам на теренот и да се обидам, но тоа беше грешка“, изјави Азаренка и додаде:

„Ќе паузирам и се надевам дека ќе можам да се вратам. Многу ми е жал за навивачите што се случи ова. Бевте одлични и ви благодарам што ме бодревте. Тоа беше единствената причина што стапнав на теренот. Секогаш се радувам на предизвиците и притисокот, но овој пат беше премногу. Морам да учам од ова. Имчеститам на мојата ривалка и и посакувам се најдобро на овој турнир и на почетокот на нејзината професионална кариера“.

https://twitter.com/DawidZbik/status/1508150343099682827?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1508150343099682827%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.net%2Fvest%2Ftenis%2Fbila-broj-1-nocas-napravila-najruzniji-potez-u-karijeri-462744