Решавачкиот двомеч им припадна на двојката Кевин Кравиќ-Тим Пуч, кои славеа над Новак Ѓоковиќ и Никола Чачиќ со 7:6, 3:6, 7:6.
Србија со триумф над Германија пропушти шанса да обезбеди пласман во четвртфиналето.
Сепак,Србија не го заврши натпреварувањето на неофицијалното светско првенство, бидејќи шансите за пласман во нокаут фазата се уште се реални.
Доколку Германија во недела ја оправда улогата на фаворит и го добие домаќинот Австрија, Србија ќе биде втора во групата.
За овој двоен дуел одлучуваа нијансите, а први поведоа Германци, по тај-брејкот.
Во вториот сет Србија беше на колена, но Ѓоковиќ и Чачиќ прво спасија брејк топка, а потоа во следниот гем им го одзедоа сервисот на ривалите.
Србите со брејк го започнаа решавачкиот сет, имаа шанса да ги дотолчат ривалите, но не ја искористија. Германците се вратија, малку подоцна едвај го освоија тај-брејкот, кој им припадна како првиот, „на мускули“ – се реши еден мини-брејк.
Претходно денеска селекторот Виктор Троицки направи една измена во однос на мечот со Австрија, а наместо Душан Лајовиќ во сингл настапи Филип Крајиновиќ кој беше поразен од Доминик Кепфер со резултат 7:6 (4), 6:4.
По овој натпревар, Новак Ѓоковиќ брзо го совлада Јан-Леонард Штруф, со резултат 6:2, 6:4, по час и 13 минути игра.