Вториот светски тенисер Карлос Алкараз обезбеди пласман во третото коло на Мастерсот во Мајами. Шпанецот, кој е прв носител во Мајами, го победи сонародникот Роберто Карбалес Баена со 6-2, 6-1 за 81 минута.

Во првиот сет, Алкараз двапати го одзеде сервисот на својот ривал, а таа предност му беше доволна да поведе со 1-0 по 34 минути игра.

<

Во вториот сет Алкараз дури трипати стигна до брејк и оствар рутинска победа за пласман во следната рунда.

Негов противник во осминафиналето ќе биде Французинот Гаел Монфис, кој со 2-1 во сетови го совлада Џордан Томпсон од Австралија.

Јаник Синер беше принуден да прави пресврт но на крајот успеа во намерата да го скрши отпорот на Талон Грикспор и успеа да се избори за победа.

Холанѓанецот Грикспор ги загуби сите претходни пресметки со Јаник и беше цврсто решен да му нанесе прв пораз, но иако беше блиску до тоа, сепак мораше да се помири со нов неуспех.

Талон играше на врвно ниво и поведе со 7:5 во првиот сет, а откако мечот беше прекинат при 3:3 во вториот, мораше да се чека повеќе од еден час за тенисерите да се вратат на теренот.

По кам-бекот, Синер успеа да направи брејк во 12-от гејм и возврати со 7:5, а во решавачкиот сет славеше со 6:1 за пласман во осминафиналето во Мајами.