Во пријателски натпревар на италијанската фудбалска репрезентација, шампионот на Европа на американско тло на „Ред Бул Арена“ во Харисон го совлада Еквадор со 2-0 (1-0). Дуелот го следеа 25.000 гледачи, повеќето беа италијански фанови.
Спалети комплетно го измени тимот кој пред неколку дена ја совлада Венецуела со 2-1. Првакот на Европа беше супериорен и капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини со прекрасен гол во третата минута го отвори резултатот (1-0).
Агресивните Еквадорци се растрчаа во втората половина од првото полувреме. Следуваше серија на полушанси на двете страни, но на одмор се замина со минимално водство на „аѕурите“.
По серијата на замени во двете репрезентации, имаше пад на ритамот но искусната италијанска репрезентација мирно го приведе натпреварот кон крај. Кога сите очекуваа крај на средбата, Италијанците изведоа перфектен контра напад, по кој Барела го лобуваше еквадорскиот голман за конечни 2-0.
Николо доби топка во простор од Орсолини во 94-та минута, по што мајсторски и мангупски го матираше противничкиот голман со лоб минијатура.
Погодокот на Барела погледнете го ТУКА