Шпанскиот првак Атлетико Мадрид успеа да се опорави од елиминацијата во ЛШ со триумф во Ла Лига. Еспањол падна на „Ванда Метрополитано“ со 2-1 во финишот на натпреварот, а тимот на Диего Симеоне постигна победнички гол од пенал во 100.минута од дуелот.
Атлетико Мадрид во последните дваесетина минути беше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Жофри Кондогбија, но и покрај тоа стигна до трите бода.
Јаник Караско во 52.минута донесе предност за Атлетико Мадрид, но Раул де Томас во 74.минута израмни од слободен удар, по слабата реакција на голманот Јан Облак.
Сепак, во 97.минута беше досуден пенал за Атлетико Мадрид по прегледување на ВАР-снимката, а Јаник Караско буквално во 100.минута постигна гол од белата точка за триумф.