Првата вечер по објавувањето на неговото доаѓање, ПСЖ објави 150 илјади дресови со неговото име и број 30, и тие беа распродадени за само седум минути во онлајн продавницата на ПСЖ.
Многу брзо, продажбата на дресовите на Меси стана нешто што се случува 24 часа на ден, секој ден во неделата, а досега ПСЖ продаде дресови за дури 120 милиони евра.
ПСЖ поседува 10% од таа сума, па засега заработи нето од 12 милиони евра на дресовите, но особено е интересно што и Мајкл Џордан заработи сериозна сума на пари од продажба на дресовите за еден викенд.
Имено, компанија Ер Џордан која е во сопственсот на Мајкл произведува дресови на ПСЖ и според договорот што го потпиша со клубот, има право на 5% од заработката од продажба на дресови. Во моментов, тоа е шест милиони евра заработка за само еден викенд. Вистинската кулминција допрва треба да се очекува бидејќи Меси допрва треба да дебитира во дресот на ПСЖ, а со тоа и уште поголема побарувачка за неговиот дрес.