Фудбалерите на Нотингем Форест по седми пат сезонава се поразени во Премиер лигата. Денеска во 10. коло изгубија на гостувањето кај Вулверхемптон со 1:0. Единствениот гол го постигна Рубен Невеш од пенал во 56. минута.
Во 79. минута Нотингем доби шанса да изедначи од пенал. Но ударот од белата точка на Бренан Џонсон го одбрани домашниот голман Хозе Са (негов втор одбранет пенал сезонава). Така Нотингем изгуби и е закован за последното место на табелата, а Вулверхемптон скокна над опасната зона (Нотингем има 5 бода, а Вулверхемптон 9).