Големото дерби меѓу Бразил и Аргентина беше прекинато на самиот почеток. Причина за оваа несекојдневна ситуација е реакцијата на бразилската полиција.
Причината е што четворица репрезентативци на Аргентина се оглушија на протоколите на Ковид и влегоа во земјата, од кои тројца беа во стартниот состав.
Тоа се играчите на Астон Вила и Тотенхем, Емилијано Буендија и неговиот имењак Мартинез, односно Кристијан Ромеро и Џовани Ло Селсо, кои пристигнаа од Англија, една од земјите од која е задолжителен четиринаесетдневен карантин при влез во Бразил. Националната агенција за здравствен надзор (АНВИСА) им нареди на локалните власти да ги депортираат Буенди, Мартинез, Ло Селсо и Ромеро. Полициските сили се појавија во хотелот неколку часа пред натпреварот, го прекинаа разговорот и подготовката за натпреварот што го водеше тренерот Лионел Скалони, но по неколку минути неизвесност, целиот тим успеа да се качи во автобусот и да се упати кон Пернамбукано арената во Ресифе – вклучувајќи четворица „криминалци“.
https://twitter.com/goleada_info/status/1434599896464699395?s=20 https://twitter.com/observint/status/1434596418812055556?s=20